Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Прилеп продолжува една убава манифестација која „се заканува“ дека ќе биде традиционална. По вторпат, во чест на роденденот на доајенот на македонската литература – Блаже Конески, се организира „Поетска везилка“, конкурс за избор на најдобра лична творба.
ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, втора година по ред објави КОНКУРС „ПОЕТСКА ВЕЗИЛКА“ за избор на најдобра лична творба. Конкурсот беше отворен од 26.11.2015 до 10.12.2015 година. Во конкуренција од 49 поетски творби изборот на наградените учесници го направи стручна комисија во чиј состав беа Весна Михаиловска – професор по Македонски јазик и литература, Петар Петрески – директор на Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп и Цеца Видова-Трајческа – професор по Македонски јазик и литература.
На конкурсот прва награда освои Лидија Дочовска Павловска со личната творба „ Солзите на Преспана“. Второто место го поделија Тони Павлески со личната творба „Ако каменот имаше душа“ и Анастас Ќушкоски со „Црно видение“. Трета награда ја освои Ирена Стевановска со личната творба „Овде, на врвот на желбите“.
Ве покануваме на доделување на наградите и благодарниците, како и промоција на второто издание на Алманахот „Поетска везилка 2015“ што ќе се одржи во среда, 16.12.2015 година во 19 часот во Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.