Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Универзитетски професори и судии се дел од Советот за реформи кој треба да го реформира правосудниот систем во земјава.
Решенија дека се дел од Советот за реформи во правосудството добиле и универзитетските професори Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи и Мерсим Максути.
Од домашните судови, пак, во редовите на новоформираниот совет се и судијката Наташа Габер Дамјановска од Уставниот суд, Фаик Арслани од Врховен, Бурим Сејдини како претседателите на Управниот суд, Сурим Сејдини, на Апелациониот во Гостивар, Шефајет Хајдари и на Основниот суд Скопје 2 или познат како граѓански, Илир Сујемани, Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и уште една поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска.
Вкупниот број на членови изнесува 22, од кои 17 се надворешни експерти, а петмина се од редовите на министерството за правда. Првиот човек на оваа институција, министерот Билен Саљији е претседател на овој совет, а потпретседател е заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.
Формирање на Совет за спроведување на реформи во правосудството е една од точките која може да се прочита во планот за реформи на Владата, познат како 3,6,9. Токму во делот од планот посветен на судските реформи, власта се обврзува да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем.
На краток рок, е предвидено дека ќе се направи целосна ревизија на нацрт стратегијата за реформа на правосудниот систем, а потоа се очекува да следат и законски измени на среден и долг рок, кои ќе се однесуваат на законите за судскиот совет, за заштита на приватноста, за свиркачите и укажувачите итн.