Еве до кога прогнозираат дека ќе трае пандемијата основачите на Бајонтек


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иноваторите на првата вакцина против коронавирусот одобрена на Запад прогнозираат дека заради наглото зголемување на инфекциите со ковид-19 во земјите во развој, како што е во Индија, поради релативен недостиг на залихи на вакцини, значи дека пандемијата ќе се шири до средината на 2022 година.

„Поради итноста на ситуацијата, властите би требало да размислат за мерки како мешање и совпаѓање на вакцини од различни производители“, изјавија во вторникот основачите на Бајонтек, како што објави Волстрит џурнал.

„Мора да обезбедиме високи стапки на вакцинација низ целиот свет, во спротивно никој нема да биде безбеден“, рече Угур Сахин, извршен директор на Бајонтек, додавајќи дека пандемијата ќе заврши само откако ќе се постигне колективен имунитет низ целиот свет.

„До средината на 2022 година, дури и региони со висока густина на населението, како што е Индија, ќе достигнат високи стапки на вакцинација и со тоа имунитет на стадо. Во следните 12 месеци, поради зголемениот производствен капацитет на сегашните играчи и создавањето на нови производствени области, ќе видиме сè поголем број на земји во развој и со ниски примања како постигнуваат колективен имунитет“, рече извршниот директор на Бајонтек.

Сахин, кој ја основаше компанијата со својата сопруга Озлем Туречи, рече дека ја прошируваат соработката со повеќе од 30 компании за да произведат поголема количина на вакцини за снабдување на држави како Индија.