Еве чиј беше „ловецот“ што му се приближи на авионот од рускиот министер за одбрана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откриено е чиј беше воениот „ловец“ Ф-18, што во воздушниот простор над меѓународните води на Балтичкото Море му се приближи на авионот во кој леташе рускиот министер за одбрана.

Ловецот Ф-18 на НАТО кој се обиде да му се приближи на авионот на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, над меѓународните води на Балтичкото Море, му припаѓа на военото воздухопловство на Шпанија.

Авионот е во составот на мисијата на НАТО за патрола на воздушниот простор на балтичките земји.

Мадрид во балтичките земји распореди вкупно пет ловци Ф-18 заедно со 140 припадници на екипажот и сервисните тимови. Шпанскиот контингент се наоѓа во литвански Шијаулијаи и ќе остане на Балтикот до крајот на август. Патролната мисија на НАТО во моментов ја сочинуваат шпанските, британските и унгарските воздухопловни сили.

Претходно министерството за одбрана на Русија соопшти дека инцидентот се случил кога авионот со министерот Сергеј Шојгу во придружба на два ловци Су-27 од Балтичката флота на Русија од Калининград летал кон Москва. На авионот се обидел да му се приближи ловец Ф-18, но пилотите на руските ловци го избркале авионот на НАТО, не дозволувајќи му да се приближи.