Еванс му мавна корпа на Руни – овој му го понуди дресот на размена, тој го одби


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


После натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Рединг, кој Црвените ѓаволи го добија со 4:0, а на кој со голот кој го постигна Вејн Руни се изедначи со легендата на Манчестер, Сер Боби Чарлтон, на првото место на клубската вечна листа на стрелците, во Манчестер Јунајтед со легендарниот Сер Боби Чарлтон, стрелецот на Јунајтед доживеа непријатен момент, откако играчот на Рединг, Џорџ Еванс одби да го смени дресот со него.

Според британските медиуми Еванс не сакал да го земе дресот од Руни, бидејќи целото свое детство навивал за најголемиот ривал, Манчестер Сити. 22-годишниот Еванс од 2013 до 2016 година беше член на Манчестер Сити, но за „граѓаните“ не одигра ниту еден натпревар, па беше препраќан на позајмица во помали клубови.