Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На повеќе од 72.000 луѓе во јапонската префектура Шизуока им е наредено да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Меари, пишува Кјодо.
Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиштето и силни ветрови, особено во регионот Токаи, во централниот дел на земјата.
Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час.
Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до недела наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.