Ева Шуклева предложена за генерален, Љупчо Зиков за финансиски директор на МЕПСО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


МЕПСО ќе добие ново раководство. Од Министерството за транспорт и врски ги предложија Ева Шуклева и Љупчо Зиков се предложени за генерален и финансиски директор на оваа институција, пренесува Телма.

Таа досега беше претседател на Надзорниот одбор на компанијата, каде беше избрана во август 2017 година година. Родена е во 1971 година, магистер електроинжинер, со долгогодишно искуство во енергетскиот сектор.

Основачот на неделникот Капитал и новинар Љупчо Зиков, пак, повторно е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во државната МЕПСО. Тој за Телма изјави дека за ова е информиран и дека известил дека ја прифаќа поканата, но сепак треба да поминат законските процедури за да биде избран на оваа позиција, односно тоа треба да го потврди и Надзорниот одбор на компанијата, што ќе биде познато денеска или во текот на утрешниот ден.

Љупчо Зиков порано беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која на последните избори коалицираше со СДСМ.

За директор на ЕЛЕМ пак Владата неодамна го именуваше Васко Ковачевски, досегашен директор на РЕК Битола.