„Еуроактив“: „Северна Македонија на чекор до прговори со ЕУ, црвено светло за Албанија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Под наслов „Зелено светло за Северна Македонија, црвено за Албанија?“, електронскиот медиум „Еуроактив“на германски јазик ја објави нивната широка и опсежна анализа со предвидувања во врска со одлуката на европските министри за надворешни работи за проширување на Европската Унија со нови членки, со акцент на Македонија и Албанија.

Порталот проценува дека денеска секако нема да биде донесена конечна одлука за отворање на преговорите со двете земји, затоа што се чека гласањето на Бундестагот во Германија. Но, европски дипломати велат дека постои консензус „да се даде зелено светло за Северна Македонија, додека Албанија се бори за согласност од 28-те земји“, пренесува Дојче Веле.

„Еден дипломат вели дека особено Италија инсистира на тоа двете земји да ги почнат заедно преговорите со ЕУ.
Но одвојувањето на двете земји се чини се поверојатно, затоа што евроскептиците- во прв ред Германија и Холандија- се чинат подготвени да одобрат почеток на преговорите со С. Македонија“, пишува Еурактив.

„Единствено Франција, голем противник на натамошното проширување на Балканот, досега нема конечна позиција. Еден француски дипломат вели дека сака уште малку да размисли дали неговата земја ќе ја следи позицијата на Холандија кон С. Македонија. Што се однесува до Албанија, таквата одлука би била прерана“, објаснува дипломатот.

Холандскиот парламент минатата недела и одобри на владата да прифати почеток на преговорите со Скопје, но не и со Тирана.

„Друг дипломат објаснува дека сега Парис и Европската Комисија го држат клучот за С. Македонија во рака. На крајот тие ќе одлучат дали кандидатурите на двете земји ќе бидат одвоени. Еден службеник на ЕУ вели дека Комисијата не сака да го стори тоа, па таквата одлука ќе мора да ја донесат земјите членки“.

Германскиот весник Ханделсблат, пак, утрово објавува изјава од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во која тој вели дека Северна Македонија е тест за ЕУ, без притоа да ја спомене Албанија.