„Еуроактив“ открива дел од акцискиот план подготвен во Софија – Бугарија сака да отвора кампуси на бугарски универзитети кај нас


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Повикувајќи се на дипломатски извори, „Еуроактив“ открива делови од акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, подготвен во Софија.

Софија има предлози поврзани со железници, автопати и инвестиции на бугарски компании во Македонија. Планот се однесува и на отворање кампуси на бугарските универзитети во Северна Македонија, а исто така се вклучени и учебниците по историја, пренесува 360 Степени.

Треба да бидат презентирани и македонските предлози по сектори, иако документот за практична примена на Договорот за добрососедството допрва треба да биде одобрен од двете земји, појаснуваат изворите на „Еуроактив“.

„Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Македонија“, пишува „Еуроактив“.

Софија предложи акциски план за соработка со Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија по средбата на заменик-министерот за надворешни работи Екатерина Захариева во Софија со специјалниот пратеник на Македонија, Владо Бучковски.

Овој документ, кој ги засега сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на претстојниот состанок на Заедничката меѓувладина комисија.

„За време на состанокот беа разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Беше направен преглед на спроведувањето голем број практични обврски за кои нашата земја смета дека се одложени“, се вели во бугарското соопштение.