Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Интернет порталот ЕУобзервер објави куса информација за вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Македонија и за неговата средба со претседателот Ѓорге Иванов.
Во информацијата под наслов Апелот на Туск наиде на глуви уши во Македонија, порталот наведува дека Туск на Иванов му рекол дека неговите активности ја одвраќаат земјата од евроатлантскиот пат. Туск, исто така побарал од Иванов да не подгрева тензии по етнички линии.
Според ЕУобзервер, Иванов го блокира опозициските албански партии да се приклучат на коалициската влада, иако има мнозинство. Тој вчера рече дека ништо не се променило и дека коалицијата ќе има штетни последици, додава бриселскиот портал.