Еуфорија на „Емирати“: Озил го продолжи договорот – цифрите ВРТОГЛАВИ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа што утрово го најавија англиските медиуми, сега „Би-Би-Си“ го потврди – Месут Озил стави потпис на нов договор со Арсенал.

Наводно Озил е задоволен од последните трансфер потези на клубот, односно од доаѓањето на Обамејнг, па реши да ја прифати понудат на „топџиите“ и да му остане верен на клубот.

„Би-Би-Си“ ги откри и деталите од договорот, а станува збор за еден од најскапите договори во фудбалскиот свет.

Имено, со новиот договор Германецот се обврза на верност кон Арсенал до 2021 година и неделно ќе заработува 350.000 фунти. Тоа во превод значи дека годишната плата на Озил ќе изнесува 20 милиони евра.