Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со 393 гласа „за“ и 303 гласа „против“ Европскиот парламент го одби најновиот нацрт-закон на Европската унија, кој се однесува на храната за деца, а според кој на производителите ќе им се овозможи и натаму да произведуваат храна со висок процент на шеќер и понуда на пазарот на храна, која можат да ја конзумираат бебињата на четиримесечна возраст.
Членовите на Европската комисија сега треба да донесе нов нацрт кој ќе се држи точно до зацртаните насоки на Светската здравствена организација, а според кои детската храна не смее повеќе да има поголем процент на шеќер, ниту повеќе може да се произведува храна за доенчиња помали од четири месеци.
Членовите на Европската комисија, кои се продолжена рака на Европскиот парламент за цивилни прашања, сметаат дека бебињата до шест месеци возраст би требало да се хранат само со мајчино млеко или адаптирано, што е препорака на СЗО и УНИЦЕФ.
Кит Тејлор, член на британската партија на Зелените повика на денот на донесувањето на одлуката за подигање на свеста за здравјето на децата, „затоа што веќе стана неподносливо тоа што на децата во целиот свет им се дозволува исхрана со прекумерно количество на шеќер, што многу влијае и на зголемувањето на бројот на дебели деца во светот“.
Освен тоа со раното почнување на исхрана со повеќе слатки оброци децата веќе од најраната возраст се научени на такви вкусови што воедно води до тоа да децата повеќе да не знаат какви се точно вкусовите, бои и текстурите на нормалната, здрава храна.
– Ова е историски ден кој се чека уште од 1994 година кога Светското здравствено собрание (World Health Assembly) сакаше да иницира резолуција, која би дала јасно упатство со дохранување на бебињата да се почне со завршени шест месеци. Секако први кои се побуниле против таквата резолуција биле производителите, кои „со раце и со нозе“ се бореле таквата резолуција никогаш да не биде усвоена.
– Индустријата на детска храна е една од најбрзите растечки во доменот на храната со годишен раст дури 7,8 отсто, со тоа што најголемиот дел на растот на производството отпадна токму на храната наменета за бебињата од четири до шест месеци возраст, што според наше мислење е непотребна исхрана, во која има преголема доза нездрави адитиви, објасни Пети Рундал, една од директорките на организацијата Baby Milk Action.