ЕУ спрема црна листа со американски производи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Министерството за трговија во САД побара ограничување на увозот на метали од странство и поголема царина, со цел да се зачува националната безбедност, Европската унија реши да го возврати ударот, па сега подготвува црна листа на американски производи.

Така, на оваа црна листа на ЕУ се најдоа производи како американско виски, џус и мотоцикли „Харли Дејвидсон“, за кои ќе има поголеми камати и царини при увоз.

Портпаролот на Комисијата, Маргаритис Шинас, одби да ги коментира ваквите тврдења, но рече дека ЕУ ќе преземе “соодветни мерки за одбрана на својата индустрија“.

„Брисел е подготвен да реагира брзо и соодветно во случај нашите извози да бидат погодени од рестриктивни трговски мерки од САД”, рече Шинас.