Home Актуелно ЕУ подготвува нови санкции против Турција

ЕУ подготвува нови санкции против Турција

На следната средба на претседателите на држави и влади на ЕУ на дневен ред ќе биде списокот на можни санкции против Турција. Со тоа би требало да ја присилат Анкара на отстапки во спорот за гасот во источниот дела на Средоземното Море, објави „Дојче веле“.

ЕУ во Брисел моментно работи на поттикнување на тоа спорните дупчења во потрага за земен гас во источниот дел на Средоземното Море да се ограничат на своето територијално море.

Грција и Кипар сметаат дека Турција ја загрозува нивната безбедност и уште кон средината на јули се потрудија ЕУ да се позанимава со можни санкции против Турицја. Но, спорот и натаму ескалира. Во меѓувреме одржани се воени вежби, а се зборувало и за причините за војна.

Министрите за надворешни работи на ЕУ сметаат дека е неопходно да се даде налог за составување список на можни конкретни санкции. Тоа кон крајот на август и го сториле. За тие санкции, ќе се одлучува на следниот состанок на 24 септември, најави комесарот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…