Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Европскиот парламент го ратификува Договорот за слобдна размена со Канада (ЦЕТА), јави дописникот на МИА.
За договорот гласаа 408 европратеници, 254 беа против и 33 воздржани.
Гласањето следуваше по тричасовна дебата за и против Договорот за кој се преговараше цели седум години. Договорот се уште е оспоруван и неговата ратификација од националните и регионалните парламенти на Европската Унија се најавува како неизвесна и долга процедура. Некои од деловите на договорот ќе почнат да се спроведуваат од април оваа година.