ЕУ му порача на Косово дека мора да формира Заедница на српски општини


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија Емануел Жофре е убеден дека политичкиот дијалог помеѓу Белград и Приштина ќе продолжи.

Тој откри детали од изменетиот германско-француски предлог, но и порача дека Заедницата на српски општини мора да биде формирана.

„Да не заборавиме дека самитот ЕУ-Западен Балкан е одржан во сенка на руската агресија на Украина, што ја загрози и европската и глобалната безбедност, затоа мораме да се држиме заедно. Вчера европските лидери им испратија многу јасна порака на земјите од овој регион и истакнаа дека ЕУ е целосно посветена на тоа земјите од Западниот Балкан да станат нејзини членки“, кажа Жиофре.

Според него, пораката никогаш не била појасна, а повикаа и на забрзување на процесот, особено во овие геополитички околности, да се забрзаат реформите, да се преземат чекори, да се усогласат политиките.

Коментирајќи го изменетиот предлог кој од Брисел стигна во Белград и Приштина, Жиофре кажа дека тоа се дипломатски преговори, кои се, нормално, многу деликатни.

„Лидерите ќе ги дадат своите коментари. Мислам дека треба да истакнеме дека имаме можност, како што ЕУ веќе кажа, сè што е договорено дека мора да се примени, вклучувајќи ја Заедницата на српски општини. Но во смисла на итноста, имаме прилика да направиме чекор кон правно обврзувачки договор за нормализација на односите на Белград и Приштина“, кажа тој.

Истакна дека дијалогот ќе продолжи.

„Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак, кој пред неколку дена беше во Белград и Приштина, ќе поднесе извештај во Брисел. Уверен сум дека разговорите ќе продолжат“, кажа претставникот на ЕУ во Србија.