Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Европската унија и Јапонија најавија соработка со САД во борбата против нефер трговските постапки на други големи држави – при што првенствено се очекува соработката да биде насочена против Кина.
Тоа беше договорено на средба на трговскиот претставник на САД Роберт Лајтхајзер со европската комесарка за трговија Сесилија Малстром и јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.
– Повторно беше изразено нашето незадоволство и се потврди заедничката посветеност на борбата за фер трговски пракси и запирање на нелојалната конкуренција, соопштија тројцата претставници.
САД отпочнаа трговска војна чија главна цел е Кина, со воведувањето царини за увоз на челик и алуминиум, на што Кина одговори со царини за американски земојделски и други производи. Трите земји индиректно ја осудија Кина и за праксата на крадење интелектуална сопственост – пред се патенти на компаниите од технолошката индустрија