Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Твитер како компанија своите услуги ќе мора да ги усогласи со новите правила на Европската Унија кога станува збор за справувањето и борбата со дезинформации и говорот на омраза на социјалните мрежи, изјави денеска ресорниот еврокомесар Тиери Бретон.
„Во Европа ’птицата’ ќе лета според нашите правила”, напиша на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар алудирајќи на логото на социјалната платформа.
Неколку часа претходно Илон Маск по преземањето на сопствеништвото врз Твитер објави порака преку сервисот со текст „Птицата е слободна“.
Преземањето на сопствеништвото врз социјалната платформа наиде на реакции кај критичарите кои изразија загриженост дека промената на управата на Твитер ќе доведе до послаба контрола врз објавените содржини и тој начин ќе поттикне појави на говор на омраза.
Бретон на неговата објава ја додаде и кратенката “#DSA” што се однесува на Законот за дигитални услуги во Унијата, неодамна усвоената регулатива што ги уредува одговорностите за високотехнолошките и интернет-компаниите. Легислативата ги обврзува компаниите да спречуваат објавување дезинформации и да воведат протоколи за запирање појави на ширење компромитирачки содржини во време на кризи како што беше епидемијата на коронавирусот. Компаниите исто така мора да ја зголемат транспарентноста во однос на интеракциите со корисниците и да ги поедностават корисничките договори.
Бретон, исто така, го потсети Маск на неговите ветувања дадени во мај дека има намера да ги почитува новите правила на ЕУ за умереност на објавените содржини доколку го преземе Твитер.