Етичкиот кодекс на Индијанците: 20 индијански правила за добар живот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Етичкиот кодекс на северноамериканските Индијанци може да ве инспирира за важни промени во животот и размислувања за истиот. Еве 20 индијански правила кои учат на благороден и добар живот.

1. Станете со Сонцето и помолете се. Молете се сами. Молете се често. Големиот Дух еднаш ќе ги послуша вашите молитви.

2. Бидете толерантни кон оние кои застраниле од патот. Незнаењето, лутината и љубомората доаѓаат од изгубени души. Молете се да се вратат на правилниот пат.

3. Пронајдете се себеси. Не дозволувајте други да управуваат со вашиот пат. Тоа е само ваш пат! Останатите можат да идат до вас, но никој не може да оди напред наместо вас.

4. Бидете внимателни кон гостите во вашата куќа. Послужете ги со најдобра храна, понудете им најдобар кревет, според нив бидете праведни и чесни.

5. Не земајте го она што не е ваше, било од човечката заедница, било од нечија култура. Не сте го заслужиле тоа, ниту сте го добиле. Не е ваше.

6. Почитувајте сè на Земјата, како луѓето така и животните и растенијата.

7. Почитувајте го мислењето на другите, нивните зборови и желби. Никогаш не прекинувајте друг кога ви зборува, не замерувајте, не се потсмевајте со никого. На секој дозволете му право на лично мислење.

8. Никогаш не говорете лошо за другите. Негативната енергија која ја ширите, па уште и уживате во неа, ќе ви се врати повеќекратно.

9. Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да се прости.

10. Негативните мисли предизвикуваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте оптимизам.

11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Природата е дел од нашето глобално семејство.

12. Децата се иднината. Всадете им љубов во срцата, водете ги со мудрост и учете ги за животот. Кога ќе пораснат, дајте им простор за развој.

13. Избегнувајте да ги повредувате другите. Отровот од таа болка ќе ви се врати.

14. Секогаш бидете искрени.

15. Одржувајте ја вашата рамнотежа. Менталното, духовното, емоционалното и телесното „ЈАС“ мора да бидат еднакво силни, чисти и здрави. Закрепнете го телото за да се закрепне и умот. Растете во духовноста за да си ги излечите емоционалните рани.

16. Свесно одлучете што ќе бидете и какви ќе бидете, како ќе делувате и како ќе стоите зад своите постапки. Бидете одговорни за вашите постапки.

17. Почитувајте ја туѓата приватност и личен простор. Не мешајте се во туѓото сопствеништво, особено не во светото и духовното. Тоа е забрането.

18. Бидете сигурни во себе. Не можете да бидете грижливи и да им помагате на другите, ако не сте грижливи кон себеси и ако најпрво себеси не си помогнете.

19. Почитувајте ги туѓите верски верувања. Не присилувајте ги другите да веруваат во вашите.

20. Споделувајте ја својата среќа.