Ете и тоа чудо бидна: Поевтинува дизелот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Додека цената за литар бензин не претрпува промени, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска добиваат нови цени и поевтинуваат за половина денар- соопшти Регулаторната комисија за енергетија.

Во просек, малопродажните цени на нафтените дериватите се намалуваат за 0,75 проценти, како резултат на пониската цена на суровата нафта на светските берзи.

Новата цена на дизелот изнесува 57,5 денари, а на маслото за домаќинство 46 денари. Со нешто пониска цена ќе биде и мазутот, односно 27,636 денари за килограм.