Ете ја и Оливија Мун: „Бесно мастурбираше пред мои очи“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холивудскиот „воз на сексуални злосторства“ тргна со полна пареа и не планира да запре. После обвинувањата за сексуална злупотреба кои беа изнесени на сметка на Харви Вајнстин, Џејмс Тобак, Кевин Спејси и Дастин Хофман, Оливија Мун и пет други жени го обвинуваат режисерот и продуцент Брет Ратнер за истото, пренесува Los Angeles Times.

Ратнер, режисер на серијалот Rush Hour со Џеки Чен и Крис Такер, како и режисер на голем број спотови на Мадона, Мараја Кери и Мајли Сајрус, ги продуцираше и филмските блокбастери The Revenant со Леонардо ДиКаприо и Horrible Bosses.

Мун се потсети на инцидент од 2004 година, пред да стане соработничка на The Daily Show и да глуми во The Newsroom. Ратнер во една прилика, во една приколка за време на снимањето на еден сет, „бесно мастурбирал“ пред неа. Таа веднаш тоа му го кажала на својот адвокат и на својата сестра, но тие ја одвратиле од намерата да пријави во полиција.

A post shared by Olivia Munn (@oliviamunn) on

„Колку треба за да ги скршите жените пред некој да ги сослуша?“, запраша таа.

За инцидентот јавно говореше и претходно, во својата есејска збирка „Suck It, Wonder Woman!: The Misadventures of a Hollywood Geek“. Иако тогаш не го именуваше, Ратнер сам истапи и ги демантираше нејзините тврдења.

„Бев во врска со Оливија Мун…кога беше Лиза. Тоа е проблем. Тогаш не беше Азијка“, рече тој.

Имено, нејзиното целосно име е Лиза Оливија Мун, а на почетокот од кариерата го користеше првото име. Подоцна на Хауард Стерн му призна: „Реков дека ја сексав три пати, но тоа не е вистина“.

A post shared by Olivia Munn (@oliviamunn) on

Мун, пак, опиша како го сретнала на еден настан, а тој и рекол дека мастурбира на списанија кои на насловна имаат нејзини фотографии.

Адвокатот на Ратнер, Мартин Сингер, ги негираше обвинувањата изнесени во Los Angeles Times, нарекувајќи ги „апсудрни и смешни“, иако првите инциденти се случиле уште во ’90-те години.

Актерката Наташа Хенстриџ тврди дека Ратнер ја нападнал, ја принудил на орален секс во својот стан кога имала 19 години.

Уште една актерка, Џејми Реј Њуман, се потсети на нивното заедничко лето во 2005 година, кога Ратнер „гласно почнал да го опишува сексуалниот чин кој би и го правел неа“, откако се заменил со асистентот со местата за да седи до неа. Катарине Тауни раскажа дека Ратнер ја следел во WC на една забава, а Ери Сасаки тврди дека на сет од Rush Hour 2 и нудел улога со текст ако оди со него во WC, додека друга актерка од истиот филм, Џорина Кинг, тврди дека се слекол пред неа покажувајќи и го половиот орган.