„ЕСПН“ ги избра најпопуларните спортисти!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што и веќе се навикнавме „ЕСПН“ и оваа година го избра најпопуларниот спортист во светот.

Како параметри се собрани следбениците на друштвените мрежи, спонзорските договори и бројот на прегледи на интернет, а на првото место веќе трета година во низа е – Кристиано Роналдо!

Роналдо зад себе ја остави НБА ѕвездата Леброн Џејмс, додека најголемиот ривал на Роналдо, Лионел Меси заврши на третата позиција. Потоа следуваа, Нејмар, Федерер, голферот Тајгер Вудс, Кевин Дурант, Стеф Кари, па уште еден голфер Фил Миклесон.

Од региониот единствен претставник во топ 100 беше Новак Ѓоковиќ кој „ЕСПН“ го рангираше на 13-та позиција.

Оваа година на листата се најдоа и 12 спортистики што е за четири повеќе од минатата година, а најдобро пласирана е Серена Вилијамс на 12 позиција.