ЕСМ: Заради санација на дефект со цевка, ноќеска привремено исклучен Блок 1 од РЕК


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од АД ЕСМ потврдија дека ноќеска е исклучен и Блок 1 на РЕК Битола, апелирајќи дека ова било планско исклучување на блокот, поради скината цевка, а се очекува брза санација и враќање на блокот на мрежа уште денес.

-Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот, Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување со цел санација на скинатата цевка, што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа – информираа од ЕСМ, пренесува Слободен Печат.

Со ова практично, домашното производство е сведено на нула, а струја на располагање има од увозот кој го направи ЕСМ и сосем минимално од хидропотенцијалот.

Викендов се запали и трансформаторот на Блок 3 и не се знае до кога ќе трае неговата санација. Неофицијално кога ќе се исклучи РЕК Битола, тоа значи дека се исклучува 70 отсто од домашното производство. Во меѓувреме се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

– Во моментот АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади, додаваат од компанијата.

Вчерашните колични од 240 мегават часови се обезбедени по цена од 199,06 евра од фирмата ГЕН-И Продажба на енергија ДООЕЛ, а за денес и за утре ЕСМ купил струја од четири фирми по цени кои се движат од 207 до 259 евра за мегават час.

Првиот човек на МЕПСО, Куштрим Рамадани, укажа дека ситуацијата е лоша. „Преземавме утрово струја од европската мрежа, но не многу околу 30 до 40 мегаватчасови струја. Сепак исклучувањето на блокот во РЕК Битола не ни оди воприлог, не се знае што ќе правиме со јагленот и дали освен за РЕК Битола ќе може да се стави во функција и ТЕЦ Осломеј. Секако ситуацијата со нула домашно производство не е во добра и не ни оди во прилог, вели Рамадани за Фактор.

Тој рече дека во моментов на компанијата и требаат околу 30 милиони евра од кои 15 милиони евра се за ликвидност. Деновиве ќе стасаат за наплата фактурите од преземањата на струја кои МЕПСО ги правеше во претходниот период. Можноста да се префрлаат пари од буџетот ќе се отвори со прогласување на кризната состојба која е планирана за утрешната владина седница.