Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
САД нема врз никого да врши тортура, а дебатата за уставните промени покажува дека станува збор за тешко прашање и дека ќе се дебатира толку долго колку што е потребно за да се донесе правилна одлука. Најважно е процесот да продолжи, порача заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, по денешната средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
На прашањето за почетокот на уставните промени, Ескобар воздржано изјави дека САД се задоволни од тоа што процесот почнал и се надеваат дека ќе продолжи.
Новинарите го прашаа Ескобар да ја прокоментира изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека странски дипломати вршат тортура врз опозицијата да ги прифати уставните променe.
– Сакам јасно да посочам дека САД не избира влади во земјите на НАТО, меѓутоа поставуваме очекување и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака која што ширам во регионот – САД ги гледа како природни партнери оние кои што се посветени на евроинтеграциите, НАТО и на борбата против корупција. Исто така, сакам да слушнам и да имам многу отворена размена на гледишта и се надевам дека ќе имаме повеќе по состанокот да ѝ кажеме на јавноста – рече Ескобар.
Можеби ќе ве интересира
Тие што сакаат Европа да ја донесат со лажни вести и со…
Бранко Героски 25/08/2023
КОВАЧЕВСКИ ФРЛА ОГРОМНИ ПАРИ НА ФЕЈСБУК! Премиерот троши по…
Жарко Јорданоски 24/08/2023
Ковачевски на прес-конференцијата изјави дека нов договор нема да има, ниту ќе има можност за репреговарање на преговарачката рамка.
– Она што ние треба да направиме како политичко лидерство е да обезбедиме непречен процес на зачленување на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ. По членството во НАТО, Северна Македонија треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи Европската Унија е нашата единствена алтернатива и директен интерес на граѓаните и барање на граѓаните – рече Ковачевски.
Тој изрази благодарност за придонесот на САД во сите процеси, како и за личните заложби на Ескобар, како во однос на развојот на Северна Македонија, така и во неговите лични заложби за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан.
Ова е видео од прес-конференцијата на Ескобар и на Ковачевски: