Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле со најавената делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, посетата на Македонија ја одложија за после Нова година, пишува Дојче Веле.
Од Американската амбасада во Скопје за ДВ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.
Првичната најава беше дека американскиот тим ќе ја посети Македонија во рамките на нивната турнеја во земји од Западен Балкан – Косово, Србија, БиХ, Црна Гора, а потоа и на Хрватска, за на крајот да заврши со посета на Брисел. На средбите во Скопје во план е да се разговара за низа прашања, вклучително и за борбата против корупцијата, економијата и енергетиката.
Најавите за пристигнување на американската делегација предизвика раздвижување во земјата, но и ги подгреа и претпоставките кој се би можел да се најде на црната листа на САД и на удар на санкции поради криминал и корупција.
Нивната посета беше најавена откако претходно тим за санкции од САД пристигна во Северна Македонија и ќе врши увидво поранешните и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор. Американската амбасадорка Анџела Агелер минатата недела информираше дека тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. „На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и обвиненија за да се покаже дека никој не е над законот“, порача Агелер на Твитер.
Ваквата посета следи амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во неколку наврати ја посочи корупцијата како еден од најголемите проблеми за развој на земјата. Заменик помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Балкан, Габриел Ескобар најави дека се предвидуваат санкции за корумпирани официјални лица од Балканот кои ќе бидат тргнати од одговорните позиции.
Стејт департментот и американското Министерство за финансии на 11 април годинава ги ставија на црна листаекспремиерот Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков. Според Стејт департментот, нивните дела ги поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата.