Ескимите алармираат: Земјата е поместена, Сонцето не излегува на истата страна


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако направиме осврт на сето она што се случуваше во светот во изминатите неколку години, очигледен факт е дека бројот на природните катастрофи и елементарни непогоди е зголемен.

Некои за тоа го обвинуваат глобалното затоплување, човештвото и нашиот начин на живот, додека други се убедени дека сето тоа е само дел од природниот циклус на природата. Ова лето, 2017 година, во јули, масивен глечер од неколку трилиони тони, четири пати поголем од Лондон, се открши и отплови во водите на Атлантикот.

Под името А68, монструозниот леден брег кој има површина од 5.800 квадратни километри, се открши од ледената покривка Larsen C. Според известувањата, тоа е еден од најголемите глечери кои било кога се откршиле од Антарктикот чиј волумен двојно е поголем од езерото Ири, покажа MIDAS известувањето.

Шестото масовно изумирање е на пат?

Според бројни експерти, тоа не само што е загрижувачки, тоа е алармантно. Извештаите покажуваат дека глобалното затоплување никогаш не било толку опасно како што е денес, а според американските известувања, во делови од земјата просечната температура е порасната и до 5 Целзиусови степени.

Меѓутоа, масивниот глечер кој неодамна се отцепи е само почеток, предупредуваат експертите, а според некои од нив, на нашето планетарно место за живеење, во догледно време, му се заканува катастрофа, бидејќи луѓето предизвикуваат биолошко истребување на дивите животни.

Ескимските старешини, кои традиционално се одлични временски прогнозери бидејќи живеат во склад со природата, изучувајќи ги прилично едноставните, но често занемарени сигнали, предупредуваат дека не е само глобалното затоплување проблем.

Имено, тие домородци од арктичките области на Канада, САД и Гренланд, велат дека климата не е виновна за сè, туку според нив, едноставно речено, „Земјата се има поместено“.

Тоа предупредување го испратија и до НАСА и целата глобална научна заедница, тврдејќи дека „планетата се изместила, а небото се променило“. Тие тврдат дека Земјата се „затетеравила“, односно се „навалила“ кон север, што резултирало со „промена на небото“

„Небото е поинакво“

Старешините испратија предупредување до НАСА дека Сонцето веќе не изгрева на местото на кое излегувало претходно. Предупредија дека деновите им траат подолго отколку порано во историјата, а тврдат дека се променети и положбата на Месечината и ѕвездите, што според нив е вистинската причина за температурните промени и страшните бури кои во последно време ја погодуваат нашата планета.

Сите старешини се сложиле дека причината за таквите промени е поместувањето на Земјата кон север, а им пречи што за сите земски случувања како причина се наведуваат климатсите промени и никој не го истражува феноменот кој тие го споменуваат, а кој е очигледен, пренесува Ancient Code.

Според нив, Сонцето сега е на повисока позиција на хоризонтот и грее повеќе од досега. „Нешто опасно се случува со Земјата“, апелираат Ескимите.