Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Планетарно најпознатата и најбарана „плус-сајз“ манекенка, 31-годишната Ешли Греам, на еден хуманитарен настан организиран во Њујорк се појави во жолт атрактивен фустан кој на места повеќе откриваше отколку што покриваше од интимата на славниот модел.
На свечениот ручек наречен „Women Of Power” , кој во Њујорк го организираше списанието Variety, Ешли Греам го привлече вниманието со својата атрактивна појава.
View this post on Instagram
Најпознатата плус сајз манекенска во светот за ручекот беше облечена во жолт фустан на преклоп со висок засек, од каде во еден момент се појави тангата , што не остана незабележано од папараците.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
На ручекот Ешли се дружеше со манекенката Џиџи Хадид (23), која вчера доби признание за својата работа во УНИЦЕФ. Беше наградена и новинарката на CNN, Кристијана Аманпур (61) , како и актерките Тараџи П. Хенсон ( 48) и Бет Мидлер (73).