Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ешли Греам денес е една од најпопуларните, најбарани и најплатени „плус-сајз“ манекенки. Има среќен брак, соработува со светски познати брендови, на Инстаграм има армија од над 7 милиони обожаватели, а многу жени ширум светот во неа наоѓаат инспирација.
Но, во интервју за Harpers Bazaar Греам открива дека пред десетина години нејзиниот приватен живот бил далеку од идеален. Кога имала само 17 години, се преселила во Њујорк и одлучила да започне манекенска кариера. Три години била модел за каталози, а поради нејзината тежина често била мета на исмевања.
„Тоа беше најниската точка во мојот живот. Многумина ме сметаа за добра девојка, но тргнав по лош пат. Се дрогирав и се сексав со погрешни мажи. Јадев нездрава храна, не вежбав, воопшто не водев грижа за самата себе“, открива Ешли во интервјуто.
Таквиот начин на живот придонел за во помалку од 2 години да се здебели дури 11 килограми, поради што модниот агент ја известил дека нејзината модна кариера е готова.
„Тогаш ја побарав мајка ми да ја известам дека се откажувам и се враќам дома. Таа на тоа ми даде одговор кој се покажа пророчки. Ми рече дека не смеам да се откажам и дека моето тело еден ден некому ќе му го промени животот“, раскажува Греам.