Есен среде лето: Еве каде врнеше најмногу и каде беше најстудено вчера


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најмногу дожд или 31 литар на метар квадратен денеска наврна во Гевгелија, а најмалку во Маврово, еден литар на метар квадратен.

Според податоците што вчера попладнето ги објави Управата за хидрометеролошки работи освен Гевгелија до 16 часот најмногу дожд има наврнато во Берово и Тополчани 14 л/м2, по што следуваат Претор 13, Струмица 12, Битола и Демир Капија 10, Штип и Крива Паланка 8, Охрид 7, Скопје 5, Пожаране, Скопје Петровец и Тетово 4, додека во Ѓуриште и Виница наврнале три литри на метар квадратен, пренесува Макфакс.

Најладно беше е во Тополчани каде се измерени 12 степени, по што следуваат Лазарополе со 13, Ѓуриште со 14, Маврово и Берово со 16, Прилеп и Крива Паланка со 18, Пожаране со 19, Демир Капија, Битола, Штип и Скопје со 20 степени, Струмица 21, Охрид и Гевгелија 22 и Тетово 23 степени. Максимална температура од 24 степени е измерена во Виница.

УХРМ соопшти дека во југозападниот дел од земјата имало појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Дувало умерен, на места повремено засилен ветер од северен правец.