Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој августовски четврток во Македонија времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од пладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни и некаде во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура до 29 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
И во следните денови продолжува периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.