ESA во 2025 ја започнува акцијата за чистење на вселената од отпад


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европската вселенска агенција (ESA) најави дека во 2025 година планира лансирање на првиот роботски собирач на отпад во вселената.

Иако мисијата ClearSpace-1, која ќе чини 120 милиони американски долари, ќе собере само дел од отпадот, па сепак од ESA се надеваат дека ќе го отвори патот за глобалната кампања за чистење на нашата орбита, пренесува „Гардијан“.

Јан Ворнер, директор на ESA, повика на воспоставување нови правила при испраќање на идните сателити што ќе ги принудат оние што ги лансираат да преземат одговорност за отстранување од орбитата откако ќе престанат да функционираат.

„Замислете колку опасно би било да се движите низ отворено море, доколку досега биле оставени сите бродови што веќе не се функционални“, изјави Ворнер.

„Така сега изгледа во нашата орбита и не можеме да дозволиме да остане на овој начин“, додаде тој.

Во последните 60 години илјадници тони ѓубре се акумулирале во Земјината орбита, вклучувајќи делови од стари ракети, околу 3.500 нефункционални сателити и околу 75. 000 помали фрагменти.

Фрагментите обично орбитираат со брзина од 20,000 км на час.

ESA се согласи за финансирање на оваа мисија за време на состанокот на Space19 + во Севилја, Шпанија на крајот на ноември.

ClearSpace-1 ќе се обиде да ги отстрани од нашата орбита парчињата остатоци наречени Веспа оставени во орбитата од вселенското летало на ESA, Vega во 2013 година. Отпадот од Веспа тежи околу 100 килограми и е со големина на мал сателит, а го избра ESA затоа што има едноставна форма и цврста конструкција, што треба да го олесни фаќањето.

Сондата ClearSpace треба да ја фати Веспа користејќи ги своите четири роботски раце и заедно со отпадот да се нурне во нашата атмосфера и да изгори.