Еротика на билбордот ги шокираше посетителите во преполн трговски центар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Муштериите во еден трговски центар во Нингбу, Кина, беа шокирани кога на билбордот во трговскиот, одненадеж, почнаа да одат еротски сцени.

Секако, станува збор за грешка, но испадна дека лицето кое било задолжено за проверка на исправноста во функционирањето на билбордот, ги оставило снимките на автоматско пуштање и се оддалечило од системот на неколку минути, пренесува Daily Mail.

Видеото на кое жена изведува стриптиз ги „забавувало“ муштериите цели пет минути, а откако некој пријавил во полиција која ги испраша вработените, од трговскиот центар стигна и службено извинување.

Секако, не ја сфатија сите оваа ситуација толку сериозно, а социјалните мрежи „горат“ од сеир. „Добар начин да привлечиш муштерии во трговскиот“, беше еден од сеирџиските коментари.