Ериксен веќе одлучи: Ќе ми биде чест да играм на Сантиаго Бернабеу


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен е главна тема во спортските медиуми бидејќи неговата иднина во Лондон е неизвесна, а за него силен интерес покажува Реал Мадрид.

Според „АС“, Ериксен е близу до трансфер во европскиот шампион, бидејќи донел одлука да не го продолжува договорот со Тотенхем кој му истекува во јуни 2020 година.

Извор на весникот тврди дека данскиот плејмејкер веќе донел одлука да го напушти Тотенхем, а негов прв избор е Реал Мадрид.

Ериксен е воодушевен од можноста да се пресели во Мадрид и на своите пријатели им изјавил дека „ќе му биде огромна чест да игра на „Бернабеу“.

„Кралевите“ во него гледаат идеален наследник на Модриќ, а за неговиот потпис се спремни да платат 100 милиони евра.