Ериксен се согласил да му биде вграден МКБ што ќе помага за работата на неговото срце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој минатиот викенд колабираше на Европското првенство поради срцев удар кој го доживеа на теренот за време на натпреварот против Финска, се согласил со лекарското мислење да му биде вграден под кожата кардиовертер дефибрилатор што ќе помага во работата на неговото срце.

„По различни испитувања на кои Кристијан беше подложен, одлучено е дека тој би требало да носи вграден дефибрилатор“, соопшти денеска Данската фудбалска федерација.

„Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам“ – изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.

Играчот за врска на Интер сега се чувствува добро, но има малку шанси тој повторно да игра фудбал, иако сега никој не размислува за тоа.