Ериксен најави голем трансфер: Време е да пробам нешто ново!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кристијан Ериксен одби да го продолжи договорот со Тотенхем и јавно призна дека сака да проба нов предизвик во кариерата.

Данецот има уште 12 месеци од договорот, па Тотенхем ќе биде приморан да го продаде ова лето, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид.

Ериксен не го негираше инетерсот на „кралевите“ и истакна дека трансфер во Мадрид за него би бил чекор напред во кариерата.

„Чувствувам дека дојде време во мојата кариера во кое можеби треба да пробам нешто ново. Имам огромно почитување кон се што се случи во Тотенхем, било позитивно или негативно, но мора да кажам дека сакам да пробам нешто ново“, изјави Ериксен.

„Се надевам дека ќе се случи нешто летово. Го напуштам Тотнем само за клуб кој е скалило погоре и Реал Мадрид дефинитивно е скалило погоре. Но за ова е потребно Реал Мадрид да се јави и да каже дека ме сака. Колку што јас знам, ова се нема случено до сега. Се е во рацете на Даниел Леви, и секако треба да се појави друг клуб кој ме сака мене“, заклучи Данецот.