Ердоган победува на локалните во Турција, но ги изгуби Анкара и Измир


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Партијата на актуелниот турски претседател, Реџеп Тајип Ердоган, „Партија за правда и развој“ (АКП), прогласи партиска доминација и победа на локалните избори во Турција кои се одржаа минатиот викенд. Но, прв пат по 25 години, Ердоган нема да има контрола над главниот град на Турција, Анкара. Ердоган ги загуби и Анкара и Измир, а неизвесно е дали ќе го добие и Истанбул.

И опозицијата и АКП прогласија победа, но Ердоган во својот говор навести дека и таму се поразени.

Победата на опозицијата во Анкара, како што пренесува „Асошиејтед прес“, е голем удар за доминацијата на партијата на Ердоган.

Според неофицијалните резултати, објавени на државните медиуми, кандидатот на опозициската секуларна „Републиканска народна партија“ (ЦХП), Мансур Јавас е новиот градоначалник на Анкара.

Битката во Истанбул уште е многу неизвесна бидејќи, како што пренесува турската агенција „ТРТ“, по преброени 99 проценти од гласовите во водство од 0,05% е опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, пред кандидатот на АКП, Бинали Јилдирим.

Странските агенции пренесуваат дека ако опозиционерите го добијат и Истанбул, тоа би било дополнителен удар за Ердоган, чијашто политичка кариера почна токму со градоначалничка функција во најголемиот град во Турција, во 1990 година

прогласи победа на локалните избори, иако неговата „Партија за правда и развој“ (АКП), за првпат после 25 години, ја загуби контролата во престолнината, Анкара. Останува неизвесно кој ќе победи во најголемиот град во земјата, Истанбул. Победата на опозицијата во Анкара, како што пренесува „Асошиејтед прес“, е голем удар за доминацијата на партијата на Ердоган.

Според неофицијалните резултати, објавени на државните медиуми, кандидатот на опозициската секуларна „Републиканска народна партија“ (ЦХП), Мансур Јавас е новиот градоначалник на Анкара.

Битката во Истанбул сѐ уште е многу неизвесна бидејќи, како што пренесува турската агенција „ТРТ“, по преброени 99 проценти од гласовите во водство од 0,05% е опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, пред кандидатот на АКП, Бинали Јилдирим.

Странските агенции пренесуваат дека ако опозиционерите го добијат и Истанбул, тоа би било дополнителен удар за Ердоган, чијашто политичка кариера почна токму со градоначалничка функција во најголемиот град во Турција, во 1990 година.