Ердоган: Кашоги е свирепо убиен, тој не го напуштил конзулатот во Истанбул…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска истакна дека убиството на саудискиот новинар било планирано со денови однапред.

Ердоган обраќајќи се пред пратениците во турскиот парламент, посочи дека видео снимките укажуваат на тоа дека Кашоги не ја напуштил зградата на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

„Саудиска екипа составена од три лица пристигнала во Истанбул неколку денови пред убиството на Кашоги, а 15 саудиски претставници влегоа во Конзулатот на денот на убиството. Саудиската екипа беше и во шума во Истанбул и во Јалова“, истакна Ердоган.

Тој додаде дека во Саудиска Арабија се уапсени 18 лица кои се сомничат за убиството на Кашоги, што е идентично со информацијата со која располага турското разузнавање. Според турскиот претседател, Кашоги се работи за свирепо убиство

Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.