Ердоган јасно порача: Крим треба да биде вратен на Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Анкара дава поддршка за територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла нелегалната анексија на Крим, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Враќањето на Крим на Украина, чиј е нераскинлив дел во суштина е барање на меѓународното право“, рече Ердоган во видео пораката на Вториот самит на Кримската платформа.

Ердоган рече дека Анкара ќе продолжи да ја поддржува Кримската платформа, која е формирана за мирно да се реши проблемот со Крим. „Турција не ја признава анексијата на Крим и од првиот ден отворено кажува дека овој чекор е нелегитимен и незаконски. Ова е принципиелен став кој има не само правни, туку и морални основи“, рече тој.