Ердоган го шокира светот со стравичниот јавен говор за сечење глави


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган во говорот пред толпата приврзаници во Истанбул, на годишнината од обидот за државен удар, рече дека треба да им се исечат главите на предавниците и најави дека сака да ја воведе смртната казна во Турција.

Оваа прилично ужасна изјава, според западните медиуми, доаѓа од исламистички претседател на чело на моќна земја. Овие зборови се оценуваат како особено страшни и поради тоа што турските власти во текот на изминатата година затворија повеќе од 50.000 лица за наводни врски со неуспешните заговорници на државен удар.

Но, уште поужасно звучат и поради бројните податоци кои укажуваат дека терористичката организација Исламска држава добивала поддршка од Турција, а таа на најстрашниот можен начин го популаризираше обезглавувањето.