Ердоган до детали го испланирал митингот во Сараево, а босанските власти не знаат ни дека доаѓа?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако турскиот провладин медиум, Yenisafak, објави информација дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе одржи предизборен митинг во Сараево и тоа на 20 мај, таа информација ја потврди и весникот Hurriyet, пренесува Klix.ba.

Според пишувањата на турските медиуми, сè е спремно за големиот митинг во Сараево, иако босанските власти не знаат ништо за тоа, барем не официјално.

„Со божја волја, во мај ќе го одржиме нашиот прв голем митинг во затворената спортска сала во една европска земја. Сите подготовки се завршени“, изјави Ердоган во обраќањето до членовите на владејачката АК партија пред два дена.

Иако не ја именувал таа европска земја, сите индиции се дека тоа ќе биде Босна и Херцеговина, односно Сараево, и тоа откако Германија и Австрија го одбиле барањето од АК за организирање на политички собир, поради минатогодишниот референдум за уставните промени и изборите кои ги спроведоа во Турција, а за кои Европската унија смета дека не се во склад со стандардите за демократија.

Босанските власти, сепак, уште немаат никакви информации за ваков политички собир, иако Ердоган јасно нагласи дека подготовките се завршени. Претседателството на БиХ уште нема официјални информации за посетата, иако сите официјални посети во кои е вклучено Претседателството мора процедурално да поминат на седница на тоа тело, а наредната седница на Претседателството на БиХ е закажана за 10 мај.