Актуелно

„Ербас“ става точка: Крај на ерата од гигантот А380

Гигантот од областа на производството на патнички авиони „Ербас“ (Airbus) официјално става крај на производството на најголемиот патнички авион на светот А380.

А380 е проблематичното дете на европскиот технолошки концерн „Ербас“. Во текот на изминатите години немаше нови линии за сообраќање на најголемиот патнички авион на светот. Производителот е соочен со опасноста од немање нарачки.

Австралиската авиокомпанија „Квантас Ервејс“ ја повлече нарачката на осум авиони А380 од 2006 година. Арапската авиокомпанија „Емирати“ повлече потег кој ја замрачи дополнително иднината на огромниот авион: најголемиот купувач на А380 го намали бројот на нарачани авиони од 162 на 123.

Шефот на „Ербас“, Том Ендерс, изјави дека веќе нема основа за натамошно производство на гигантското летало.

„Тоа значи дека од 2021 година ја запираме испораката на А380“, изјави Ендерс. Од одлуката ќе бидат погодени илјадници Ербас-соработници. Ендерс рече дека џинот со крила е „извонредно техничко и индустриско достигнување“ и запирањето на производството го оцени како „болно за нас и за А380-заедниците ширум светот“.

Двокатниот патнички авион го апсолвираше својот прв комерцијален лет пред 11 години, на 25 октомври 2007 година. Долго време сѐ изгледаше како авионот да ќе биде успешна приказна, затоа што се сметаше за решение за хронично преоптоварените аеродроми. Меѓутоа, во текот на последните години нарачките изостануваа. За многу авиокомпании А380 е преголем и троши премногу гориво, што не е исплатливо, особено ако авионот не е полн.

Advertisements
To Top