Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска во просториите на агенцијата за подршка на претприемништвото ЕСА во Тетово ја претстави програмата Еразмус плус 2014-2020 со која се обезбедува поддршка во образованието, младите и спортот.
Програмата претставува комбинација од седум европски програми, програми за обука и млади и за првпат во својата структура го додава спортот, а цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности. Активноста во Тетово беше спроведена во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Оперативниот менаџер од Стопанската комора на северозападна Македонија Дрилон Исени, рече дека на презентацијата присутвувале претставници од компаниите што се членови на комората и дека идејата е да им се објасни за овие инструменти што се нудат од страна на Европската унија за професионална надградба.
Сметаме дека човечкиот кадар е најважниот елемент за развој на компаниите и преку овие инструменти што ги нуди Агенцијата нивните сегашни и идни вработени може да стекнат познавања и искуство како тоа се работи во странство и тоа да го применат кога ќе се вратат назад со што ја заголемуваат конкурентноста на компанијата и на македонскиот и на светскиот пазар, изјави Исени.
Според информациите од националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус плус ќе има голем придонес за наградба на институционалните капацитети како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на бизнисот. Во рамките на програмата се предвидува меѓународна размена на студенти и волонтери, намалување на нивото на невработеност и развој на социјалниот капитал.