ЕПЦР бара да се истражи сомнителната смрт на младиот затвореник во Идризово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиуми објавија дека причината за смртта на Андриас е предозираност со метадон. Од друга страна, неговата мајка инсистира на тоа дека нејзиниот син починал поради насилство извршено од страна на затворската полиција и чувари. Бараме итна истрага за причините околу сомнителната смрт на Андриас Реџепов, 21годишно момче од ромска етничка припадност, кој на 11 март 2017 година трагично почина во затворот Идризово, во Скопје, известија денеска од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР).

За случајот на починатотот момче претставник на ромската заедница, Геге Демировски тврди дека постојат докази во прилог на тврдењето дека починатиот бил брутално претепан и измачуван од страна на затворската полиција и чуварите. Според Демировски, починатиот бил брутално претепан од полицијата, почнувајќи од скалите во затворот и оттаму бил внесен во просторија во затворот каде што чуварите продолжиле да го тепаат и мачат до точка на смрт.

Родителите и роднините пак на починатото момче  ги обвинија затворските власти за неуспехот да обезбедат навремена медицинска помош за спасување на животот на младото момче, како и за тоа дека не биле известени за состојбата и смртта на нивниот син од затворската служба, туку тоа го дознале преку телефонски повик од друг затвореник.

Од ЕЦПР соопштија дека од управата на затворот ги отфрлиле обвиненијата според кои брзата помош не пристигнала на време, а неофицијално велат дека смртта не била предизвикана од телесни повреди.

Од таму потенцираат дека сличен случај на смрт на младо момче ром поради наводна предозираност имало и во Гевгелија за што се води истрага пред Европскиот суд за човекови права.

Загрижени сме, што навидум наликува на тренд во затворите низ Македонија, каде што млади Роми се необјасниво  предозирани со големи количини на метадон, единствено достапен на затворските служби кои своеволно ги пропишуваат дозите за терапија со овој опоид. Во двата случаи, затворските власти ги отфрлија обвинувањата за бруталност, а притоа потфрлија во однос на ефикасната истрага на вистинските причини за смртта на починатите. Тие, исто така, потфрлија во навременото испитување на евентуалната небрежност во администрирањето со метадон и навременоста на итна медицинска помош, изјави  Џорџе Јованович, претседател на ЕЦПР

Од Европскиот центар за правата на Ромите побараа сите надлежни државни органи и институции темелно да го испитаат случајот и официјално да се произнесат во однос на објективните причини за смртта на младото момче. Побараа итно доставување до семејството на починатиот, на детален               извештај од страна на истражен судија и експертот по судска медицина, детален извештај од обдукција, како и обезбедување на соодветен и правичен надомест на штета и поддршка на семејството на починатиот.

Од таму соопштија дека веќе обезбеди правна подршка на семејството Реџепови и дека доколку случајот на биде навремено разрешен правдата ќе ја бараат пред Европскиот суд за човекови права.