Епското враќање на мачорот: После 18 години скитање се врати дома


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мачорот Кимби после цели 18 години скитање повторно се вратил кај својот сопственик во германскиот главен град Берлин.

Исцрпен и запуштен, Кимба го нашла полицијата по неколку повици на загрижени поминувачи кои пријавиле дека „мјаукал тажно“ на улица во берлинскиот кварт Маринфелд.

Скенирањето на неговиот микрочип покажало дека неговиот сопственик Питер Фабијан (65) го пријавил неговото исчезнување пред 18 години.

Кимба бил вдомен од засолниште за животни во Минхен во 2000 година. Фабијан раскажал дека тогаш осуммесечниот црн мачор „бил многу посебен“.

Недолго по неговото исчезнување Фабијан се преселил од Минхен во Берлин, каде што живее до денес. Верува дека Кимба не сакал да се пресели од неговиот град и поради тоа си заминал од него.

-Направив посебна вратичка за него, но еднаш кога отиде, никогаш повеќе не се врати, изјави Фабијан.

Минатиот петок тој добил изненаден повик од полицијата во Минхен. Со оглед на тоа дека Кимба бил чипуван, сопственикот не било тешко да се пронајде, пренесе портпаролката на берлинската полиција.

Односот меѓу сопственикот и мачорот сè уште е на стаклени нозе, но постепено напредува и се поправа.

Фабијан е пресреќен и планира неговиот миленик да му ја разубави староста.