Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Епската борба помеѓу кралската кобра и мрежестиот питон заврши кобно за двете змии, што се гледа на фотографијата која ги преплави социјалните мрежи.
Кралската кобра успеа да го отруе мрежестиот питон, а покасно двете змии се пронајдени мртви.
Борбата била негде во југоисточна Азија, каде што двете змии живеат. Идентитетот на фотографот засега останува непознат, но судеќи според интересот за фотографијата која е објавена на Фејсбук тешко дека ќе остане анонимен.
Секако, некои на интернет се доведоа во прашање за автентичноста на фотографијата, но ако се верува на експертите, фотографијата не е лажирана.