Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Епл“ ќе вложи 920 милиони долари во својот нов центар за податоци во Данска, кој ќе биде втор ваков објект во земјата што користи исклучиво чиста енергија.
Почетокот на градењето на модерниот центар во Абенри, каде што ќе бидат вработени од 50 до 100 луѓе, е закажан за последниот квартал од 2017 година, а работите би требало да бидат завршени на почетокот од 2019 година. Овој објект ќе ги регулира податоците за сервисот „I messages“, потоа за виртуелниот асистент „Сири“ и преземање музика преку „Ајтјунс“.
Суперкомпјутерите и големите бази на податоци генерираат многу топлотна енергија, поради што е потребно да се потроши голема количина на електрична енергија за да се изладат. Од „Епл“ наведуваат дека ја избрале Данска за овој проект поради можноста за искористување 100 проценти обновлива енергија и квалитетната данска мрежа за пренос на струја.
Американскиот гигант направи сличен центар за база на податоци во Виборг на северот на Данска и во 2015 година. Компанијата склопила договор со електродистрибуција за купување повеќе од 30 мегавати електрична енергија добиена од ветер.