Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија е во фаза на смирување на четвртиот бран на Ковид-19, смируваат надлежните.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 467 случаи со ковид-19 и 414 оздравени пациенти, со што вкупниот број на активни случи во земјава изнесуваше 3.233. Комисијата за заразни болести завчера излезе со препорака да се укинат сертификатите задолжителни за влез во моловите, што претставува еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите.
Од Комисијата препорачуваат укинување на сертификатите задолжителни за влез во трговските центри, онаму каде што не е задолжително носење на маски. Сепак, како што посочи престедателот на Комисијата, Александар Петличковски, не сакаат нагло отфрлање на сите мерки, туку секојдневно ќе се следи епидемиолошката состојбата.
Исто така, за да се подигне имунитетот на популацијата, што би било основа и за натамошно релаксирање на мерките, веќе е почната кампања за вакцинирање на луѓето од ризичните групи.
Комисијата за заразни болести информираше дека ним ќе им бидат закажани термини доколку не се целосно вакцинарани или немаат примено засилувачка (бустер) доза.
Во училиштата останува мерката за задолжително носење на маски. Од Комисијата за оваа мерка не дискутирале на последниот состанок, но како што потенцираат, епидемиолошката состојба во училиштата е стабилна.
Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 467 случаи со ковид-19, од направени 2.533 тестови. Регистрирани се десет починати лица, а оздравеле 414 пациенти.
Од новозаболените, повторно најмногу се во Скопје 245, потоа во Куманово 34, Велес 22, Битола 20, Прилеп 19.
Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на ковид-19.
Со ова, вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 298.662. Бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050. Вкупно има 3.233 активни случаи.
Што се однесува до европските земји, Германија вчера донесе одлука да ги избрише сите држави од листата на високоризични кога станува збор за епидемијата на коронавирусот.
Според надлежните, со ширењето на сојот омикрон, коронавирусот покажа дека е намалена неговата способност да предизвикува потешки форми на болеста, поради што како региони со висок епидемиолошки ризик се сметаат оние каде се шират поопасните соеви.
Шеесет и две држави и региони ќе бидат избришани од германската листа високоризични.