ЕП во ракомет: Македонија – Германија, најава, анализа и предлог тип


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонија и Германија во директен дуел ќе решаваат за тоа кој ќе заврши прв во групата Ц. Доколку победи Македонија, ќе пренесе максимални 4 бода во следната рунда, додека доколку победи Германија ќе пренесе 3 бода. Можеме да очекуваме интересен и неизвесен дуел, иако фаворит за победа е Германија.

Заморот ќе биде проблем кај Македонија

За разлика од Германија и нивниот селектор Прокоп кој го ротира составот со сите 16 ракометари, Македонија игра со многу помал број играчи. Раул Гонзалес, сепак статистички ротира многу повеќе од своите предходници но и тоа е далеку од оние ротации на Германија. Проблем овој пат е непланираното трошење на силите против Црна Гора. Очекувањата беа дека на тој меч рано ќе стигнеме до комотно водство, па во продолжение шанса да добијат сите ракометари. Наместо тоа, Македонија се мачеше до крајот на мечот. Затоа сега се поставува прашањето: Дали ќе можеме да одиграме со 100% против Германија ?

Нападот ги изненади сите

На Светското првенство 2009 во Хрватска и повторно на ЕУРО 2012 во Србија, еден македонски играч беше најдобриот стрелец на првенствата – Кирил Лазаров. Тој стана прв и досега единствен во историјата со 1.000 голови и тоа е достигнување кое тешко дека ќе се повтори. Македонската гол-машина повторно тој ја преземе најголемата одговорност кога станува збор за офанзивата. Сепак на ова ЕП се појавуваат ракометари, млади ракометари кои не се плашат да ја преземат одговорноста кога не му оди најдобро на Кире. Тоа не беше случај предходно и е голема позитива за македонската репрезентација. Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески и Филип Кузмановски го поддржуваат беспрекорно на бековските позиции. Велковски и поповски се сеуште неискористени, но и тие имаат полетност со која можат да изненадат. Дејан Манасков има одлична голгетерска сезона во Веспрем и така продолжи и во националниот тим, со што Македонија е добро покриена и по крилата. Едноставно, нападот функционира според нотите на Раул и ако продолжи така, Македонија има шанси д аго постигне најголемиот успех досега.

Среќното реми со Словенија им создаде притисок на германците

Пред две години, германските “лоши момчиња” го подигнаа трофејот на Европското Првенство во Полска. Сега нивниот нов тренер Кристијан Прокоп останува смирен и ја спушта топката на земја, иако неговата репрезентација се најде во поволна група. Сепак неговите очекувања дека ќе биде тешко, во целост се остварија. По лесната победа над Црна Гора, Германија со помош на судиите дојде до реми против Словенија и тоа остава црна трага врз оваа селекција. Сега притисокот врз нив е огромен и тоа Македонија мора да го искористи.

Одбраната е вистински бедем

Голманите Волф и Хеневетер се клучни на натпреварите, нешто што Волф го направи во финалето во 2016 година против Шпанија. Тогаш тој имаше дури и повеќе од 50 проценти одбранети удари. Како клучни играчи се и Виенек и Пекелер, а со нив одбраната треба е клучот на успехот. Германија може да ја прилагоди одбраната во 5:1 со Рајхман или Пекелер како “чистачи”, но одбраната 6:0 е биде првата опција. Сепак голема е веројатноста дека Прокоп ќе игра со формација 5:1, бидејќи Македонија се мачеше со таа одбрана на Црна Гора.

Целосната анализа прочитајте ја на специјализираниот сајт kladenje.mk