ЕП во ракомет: Анализа на репрезентацијата на Словенија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако изненадија многумина со освојувањето на бронзениот медал на Светското Првенство во Франција минатиот Јануари, Словенија привлекува огромен публицитет пред настапот во Хрватска.

Кога Словенија игра блиску до дома, секогаш оди далеку

Локацијата на Европското Првенство треба да им даде поттик, бидејќи илјадници фанови се очекува да им дадат поддршка во Загреб. Кога Хрватска беше домаќин на Европско Првенство пред 18 години, Словенија го освои својот прв олимписки билет, завршувајќи петта.

Четири години подоцна тие освоија сребро во Љубљана, а за да ја докажат предноста во поддршката на своите навивачи кога играат блиску до дома, завршија на шесто место во 2012 година во Србија.

Ростер

Тренерот Веселин Вујовиќ има три големи грижи. Во пресрет на турнирот неговиот одбранбен столб Матеј Габер се повреди и ќе го пропушти првенството. Десниот повратник Јуре Доленек и левиот бек Ник Хенигман, исто така се повредени и најверојатно нема да играат барем во прелиминарниот круг.

Ова значително го менува нападот и одбраната на Словенија. Жига Млакар ќе биде прв избор на десната страна, заедно со Видот Кавтичник. На левата страна Вујович има четири опции. Високиот Борут Мачковшек и Саша Баришич-Џаман, заедно со силниот Грегор Поточник, можат да играат важна улога во одбраната, заедно со Гребенц кој пак повеќе милува да игра во нападот. Линискиот играч Игор Жабич ќе го има своето деби, како и Нико Медвед на лево крило.

Вкупно Вујовиќ има 22 играчи кои се подготвуваат за ЕУРО 2018, но голем број учествуваа на Светскиот шампионат вклучувајќи ги и сите три голмани (Матевз Скок, Ур Кастелиќ и Урбан Лешјак).

Напад

Со двајца високо квалификувани плејмејкери, Марко Безјак и Миха Зарабец, Словенија може да го игра најбрзиот ракомет на светот. Вујовиќ е склон кон тоа често да ја менува својата линија за време на натпреварот, давајќи им ја предноста на…

 

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК