Ентони Хопкинс ќе го игра Сигмунд Фројд во „Последната сеанса на Фројд“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Последната сеанса на Фројд“, во режија на Мет Браун, привршува со снимањето во Ирска, пишува Deadline.

Заплетот на филмот е адаптација на истоимената драма на драматургот Марк Сент Жермен, кој за прв пат беше изведен во 2009 година. Филмот ја следи измислената средба на психоаналитичарот Зигмунд Фројд, кого го игра Ентони Хопкинс, и писателот Ц.С. Луис, кого го игра Метју Гуд, најпознат по улогите во Downton Abbey и The Imitation Game.

Централниот заплет на филмот ќе биде дискусија за постоењето на Бог, но заедно со него филмот ќе го допре и до прашањето за меѓучовечките односи, особено односот помеѓу Фројд и неговата ќерка Ана, која ја игра Лив Лиза Фрис, и односот помеѓу Луис и мајката на неговиот најдобар пријател.

Други членови на актерската екипа се Џоди Балфур, позната по серијата на Нетфликс The Crown, Стивен Кембел Мур од мини-серијата Airbenders, Џереми Нортам, исто така познат по The Crown, и Орла Брејди од серијата Star Trek: Picard.